Нашите услуги

Обновливи извори

Обновлива енергија се добива од природни извори, како сончева светлина, ветар, дожд, водени бранови и геотермална енергија, кои се обновливи. Нашите решенија во оваа област ви помагаат да ги намалите вашите трошоци за електрична енергија, да го намалите вашиот јаглероден отпечаток и да помогнете на животната средина.

Паметен дом

Надвор врне, а Вие се прашувате дали го затворивте прозорецот? Се брзавте за на работа и не сте сигурни дали сте ја исклучиле пеглата? Сакате да следите што прават Вашите деца кога се сами дома или си играат во соседната соба? Изберете го нашето Smart Home решение и олеснете си го Вашето секојдневие!

Инсталации

Ние ги покриваме сите типови електрични, аудио/видео и мрежни инсталации. Вклучувајќи проектирање, инсталација, тестирање и поддршка на нашите индустриски, комерцијални и домашни клиенти.

Проектирање

Кога работите со ЕЛЕКТРА, ќе бидете со компанија која го користи најновиот CAD (компјутерски потпомогнат дизајн) софтвер за да се обезбеди најголема прецизност и точност. Едноставно кажано, нашата работа не е завршена сè додека не сте комплетно задоволни од нашите услуги.

Нашите вредности

Нашата мисија е прилично едноставна, да обезбедиме најквалитетни електрични услуги и да ја задржиме нашата репутација за професионални и квалитетни електрични инсталации.

Високи стандарди

Јасно е дека кога се занимавате со електрични решенија, во секое време мора да бидат применеите највисоките стандарди. Нашите електричари се обучени и се води грижа за да се обезбеди услуга по сите највисоки стандарди.

Професионален тим

Нашите вработени имаат искуство од повеќе од 20 години во областа на електричните инсталации. Тоа е признание дека нашиот тим е најважен за нашиот успех со нови и постојни клиенти.

Креативни решенија

Доста често мора да размислуваме „надвор од кутијата“ и да им обезбедиме решенија на нашите клиенти кои бараат „нешто поразлично“ што ќе го направи проектот уникатен, изнаоѓањето на вистинското решение е дел од она што го правиме.

Брендови со кои работиме

Веќе неколку години нудиме производи од реномирани светски брендови. Секогаш најнови и конкурентни модели кои одговараат на потребите на пазарот.

Контактирајте го нашиот продажен тим и побарајте ја својата понуда.

Ова се некои од брендовите со кои активно соработуваме:

hue
tuya
gledopto
eml
ea
ifttt