Нашето лого

Логото на ЕЛЕКТРА е јасен патоказ за нашиот бренд и нашиот примарен визуелен симбол. Нашето лого е олицетворение на уникатноста на ЕЛЕКТРА.

Во согласност со нашата компанија, нашето лого е едноставно. Во него се вградени основите кои нас ни се важни:

  • Буквата Е, е истовремено ЕЛЕКТРА, и означува ЕЛЕКТРИКА што е основата и почетокот на тоа со што се бави нашата компанија;
  • Буквата Е, која значи ЕЛЕКТРОНИКА;
  • Буквата К, која значи КРЕАТИВНОСТ што е главната водилка во нашата работа;
  • Буквата Р, која значи РАЗВОЈ што е нашата главна дејност;
  • И секако симболот на „гром“ што симболизира ЕЛЕКТРИКА, но и КРЕАТИВНИ ИДЕИ.

Нашето лого е латинична јазична варијанта поради тоа што сакаме да се претставиме како интернационален бренд и партнер. Логото може да се користи во RGB, CMYK и Paytone колорна варијанта.

Кога го употребувате логото на ЕЛЕКТРА СОЛУШНА онлајн, Ве молиме задолжително да води до www.elektra.mk или www.elektrasolutions.com.

Палета на бои

Електра Тегет

#0C264C

Електра Темно Сива

#212121

Електра ТЕМНА Тегет

#000024

Електра ЦРНА

#000000

Електра Светла Тегет

#0C264C

Електра БЕЛА

#FFFFFF

Електра Светло Сива

#F5F5F5

Варијанти на лого

Лого за официјална и целокупна употреба

Лого за официјална и целокупна употреба (негатив)

Се користи каде што нема потреба од користење на зборот „SOLUTIONS“

Се користи каде што нема потреба од користење на зборот „SOLUTIONS“ (негатив)

Варијанта на симбол

Силмбол „ЕЛЕКТРА“

Погрешна употреба на лого

  • Не е дозволено да се менуваат пропорциите на логото;
  • Не е дозволено да се менуваат димензиите на симболот и исписот поединечно;
  • Не е дозволено изобличување на логото;
  • Не е дозволено да се менува местоположбата на симболот и исписот;
  • Не е дозволено да се менуваат боите на логото;
  • Не е дозволено контурно репрезентирање на логото;
  • Не е дозволено додавање на слики и други графички елементи на логото;
  • Не е дозволено аплицирање на логото врз позадина која не овозможува читливост;
  • Не е дозволено аплицирање на логото врз фотографија која не овозможува читливост.

Типографија

Примарниот фонт на ЕЛЕКТРА е, Roboto Regular, кој е избран да ја зајакне и нагласи чистата и модерна естетика која е одлика на сè што компанијата прави. Семејството на фонтот вклучува различни тежини, од Ultra Light до Black, вклучувајќи ги и соодветните italic варијанти, овозможувајќи флексибилен опсег при градење на хиерархија во пораките. Секундарниот фонт на ЕЛЕКТРА е Montserrat.

Во случаи кога овие фонтови се недостапни, постојат соодветни замени кои се Open Sans Regular, Calibri Regular и Arial.

Имате потреба од нашето лого во векторски или други формати?